Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лажни вести од Софија дека е обвинет претседателот на БКК во Битола, Обвинителството демантира

Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е осомничен дека ширел расистички и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал. Љупчо Георгиевски е дел од истрагата на битолското обвинителство по поднесена кривична пријава, а за 4 дена мора да се појави и на распит – во спротивно присилно ќе биде спроведен. Поканата која стигнала до Георгиевски ја пренесуваат бугарските медиуми, а од Обвинителството демантираат дека тој е обвинет. Велат дека станува збор за прибирање на докази.

  • „Постапката е во тек и се преземаат дејствија за проверка на сите околности. Дејствијата вклучуваат и распит на повеќе лица, за што јавниот обвинител упати покана и до лицето кое го наведувате, како лице пријавено со поднесената кривична пријава. Покани за да дадат исказ пред надлежен јавен обвинител ќе бидат упатени и до други лица. До овој момент, не е донесена одлука за поднесување на обвинение“ велат од Обвинителството.

Драмата со бугарските клубови се интензивираше во април кога цел бугарски државен врв дојде да ја сече црвената лента на официјалното отворање на „Ванчо Михајлов“ во Битола кој бил формиран пред три години. На тоа следуваа неодговорени прашања од Централниот регистар и Министерството за правда за тоа кој напривил пропуст бугарски клубови да се именуваат со имиња на историски личности за македонската историја.

Поради тоа се изгласа и закон во македонскиот законодавен дом со кој бугарските културни клубови добија три месеци да го сменат името или пак ќе бидат затворени. Сепак, овој закон барем според она што ни го кажа власта, бил донесен само за да се бајпасира ситуацијата кога граѓаните реагираа жестоко на оваа тема, а сега се подготвувал нов предлог закон. Но, бугарските политичари не останаа имуни ниту на привремениот закон, па министерот за надворешни работи, Николај Милков испрати заканувачки тонови дека сме морале да направиме отворените бугарски клубови да функционираат.

Реклама

Пред речиси два месеци, Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува борците на НОБ, македонскиот народ и етничките заедници. Претседателот и членовите имаа 45 дена да ги отстранат сите спорни материјали во името ,статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување и да ги избришат сите фејсбук статуси во кои го промивираат ликот и делото на Иван Михајлов во рок од 30 дена, што, исто така, не беше испочитувано.  

Викторија Миткова