Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Струјниот ценовен шок ќе биде најмалку 10 до 15% предупредуваат експерти

Струјата ќе поскапи за најмалку 10 до 15 проценти од 1 јануари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струјата ќе поскапи за најмалку 10 до 15 проценти од 1 јануари поради зголемените трошоци на компании, а не само поради зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10%, сметаат експертите

Според поранешниот директор на РЕК Битола, Спиро Мавровски граѓаните ќе бидат најпогодени зашто токму во јануари потрошувачката е најголема.

Според Мавровски , високите сметки се пред се резултат на тоа што Македонија е увозно – зависна од електрична енергија и не произведува доволно дома. Третиот блок на РЕК Битола требало да биде пуштен во употреба уште на 1- ви октомври , но до сега ништо од тоа. Најавените 2 трансформатори се уште не биле пристигнати . Поранешниот директор на најголемиот енергетски комбинат во Македонија смета дека одлуката да се набавува гас авансно месец за месец е резултат на нестратегиското работење на Владата , а до сега имавме среќа што не служи времето.

Реклама

И Регулаторната комисија за енергетика потврди дека поради олдуката на Владата да го зголеми ДДВ-то , сметките од 1 јануари дефинитвно ќе се зголемат дури и тие да не донесат одлука за поскапување.

Последното зголемување од 7,4 отсто во просек кое се случи на 1 јули  било неминовно поради огромните промени на пазарот на електрича енергија не само во Македонија туку и во цела Европа, но сега Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика повика на  покреативни решенија за да се избегне ново поскапување.

Кристина Алексиеска