Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ЕСM ги доби потребните лиценци, од утре треба да почне грејната сезона во Скопје

Ден пред официјалниот старт на грејната сезона, ЕСМ ги доби од Регулаторот …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ден пред официјалниот старт на грејната сезона, ЕСМ ги доби од Регулаторот  трите лиценци потребни за спроведување топлинска енергија. Од утре, радијаторите  во Скопје ќе греат на температура од 21 степен целзиусов.

Лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија е издадена на ЕСМ продажба ДООЕЛ СКОПЈЕ до април 2023, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија на максимални 35 години е доделена на ЕСМ дистрибуција на Топлина Дооел Скопје, а лиценца за снабдување со топлинска енергија на 10 години доби ЕСМ снабдување со топлина.  Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски не очекува проблеми во првите два месеци од грејната сезона со оглед на тоа што не работи ТЕ- ТО оти ќе не послужело времето,  а тоа што не функционира топланата нема да доведе до нови пресметки во цената на парното.

Во октомври  и ноември не е проблематично од тој аспект заради очекувањата дека ќе имаме нешто повисоки температури од вообичаените. Затоа работењето или не работењето на ТЕ-ТО нема да создаде никаков проблем. Како што има трошоци признати за ТЕ-ТО така има и за набавка на природен гас, рече Бислимоски.

Реклама

Бислимоски повика ЕСМ да работи оптимално, а граѓаните ги потсети да ги почитуваат мерките за штедење.  Дополнително, од ЕСМ е побарано да се преземат и вработени од БЕГ. 

Верувам дека ќе се најде природен гас по разумна цена за да може и ТЕ-ТО да работи пред се за производство на електрична енергија која ќе им помогне на македонските компании кои се на отворениот пазар, а дополнително да помогне и за порелаксирана ситуација во снабдувањето со топлинска енергија, потенцира Бислимоски.

Сега за сега  ЕСМ има обезбедено гас за само две недели, од Владата уверуваат дека ќе има доволно енергенси за да се преброди зимата.  Планот е да се купува гас авансно на месечно ниво поради промената на цените на берзите и така ќе сме заштеделе.

Кристина Алексиеска