Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Нов протест на производителите на ориз

Ако пред 81 години на 11Октомври ја започнавме битката за независност, денеска …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако пред 81 години на 11Октомври ја започнавме битката за независност, денеска  ја водиме битката за преживување . Ние бараме само реално да се вреднува нашиот труд, со што нема да биде загрозена егзистенцијата на над 3000семејства во кочанско, порачаа оризопроизводителите, кои денеска повторно излегоа на протести. Иако најавија блокада само на едната коловозна лента на регионалниот пат Штип-Кочани, оризопроивзодителите не издржаа,па ја блокираа и втората коловозна лента

Ние сме единствени кои од државата не барат помош. Не ни требат субвенции, нека ги поделат на некој други . Бараме производна цена, да живееме достоинствено, да ги сервисираме нашите потреби. Ќе почнат да го дават и за 15денари бидејќи треба струја, дрва“-порача Здравко Арсов и од Иницијативниот одбор.

И додека на светските берзи оризот држи рекордни цени и се продава и до 2800евра по тон, кај нас неговата цена е изедначена со мастики за џвакање. Трошоците  им се зголемени за речиси 80%, а откупната цена  е од 2 до 5денари пониска од производната.

Реклама

Инертниот однос на министерството и на сите надлежни субјекти е недозволиво во вакви услови  и треба час поскоро да се изнајде решение кое ќе ги задоволи потребите и интересите на земјоделците. Доколку и понатаму продолжат вака, јас сум длабоко убеден дека оваа култура за година до две ќе исчезне од овие простори„ изјави Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на земјоделци.

 Најавите за нови покачувања на ѓубривата е уште едно разочарување за земјоделците. Полињата ќе останат празни, бидејќи префрлањето од една на друга култура е процес што се одвива бавно.

  “Потребни се години за да се направи исушување на површините. Треба многу вложување и верувале или не, ако еден човек ја напушти нивата еднаш, тој повеќе нема да се врати таму. Имаме приомери , ги напуштиле нивите и сега расте само трева и трска“-изјави Стојче Ташовски, млад оризопроизводител.

Иако во ек е жетвата, оризопроизводителите најавија радикализирање на протрестите, се додека откупната цена не достигне од 40 до 45денари за килограм арпа.

Александра Ристевска