Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

„Пуцко петрол“: Таткото пратеник, чичкото градоначланик, а синот најголем снабдувач со нафта за државата

Таткото пратеник, чичкото градоначаланик а синот односно внукот најголем добавувач на нафта…

Сподели:

Таткото пратеник, чичкото градоначаланик а синот односно внукот најголем добавувач на нафта за државата. Вака функционира семејно – бизнис – политичката врска на фамилијата Јахоски, во чија сопственост е „Пуцко петрол“.

Според податоците од Централниот регистар со компанијата раководи Асмир Јахоски. Тој е син на Исмаил Јахоски кој во овој собраниски состав влезе како кандидат на ДУИ откако претходно во пет мандати беше градоначалник на Пласница, во првите два како кадар на СДСМ за подоцна да ги смени партиските бои и да премине кај Интегративците.

На таа позиција сега е неговиот брат Алија Јахоски за кој на веб страницата на општината пишува дека покрај тоа што раководи со Пласница, тој е и управител на приватна компанија „Пуцко комерц“ која се занимава со пилење и стружење на дрво. Ова е спротивно на законот за спречување судир на интереси според кој пратеници и избрани функционири може да бидат сопственици на компании, но не и управители на истите.

Сепак, ова е само мал дел од сомнителните конекции на семејството Јахоски. Дали има судир на интерес кога таткото е пратник, чичкото градоначалник, а синот односно внукот прв дистрибутер на нафта за државата? Од Антикорупциската комисија неодамна рекоа дека актуелниот закон го ограничува судирот на интереси во рамки на директно учество во јавната набавка.

Реклама
  • За класичен судир на интерес може да зборуваме во случај кога службеното лице учествува во тендерската постапка, или го потпишува договорот, или пак учествува во изборот на економскиот оператор. Кога немаме судир на интереси, во овој случај тогаш може да зборуваме за политичко влијание кое е најтешко докажливо и широко распространето во земјава,“ беше објаснувањето што неодамна го дадоа од Антикорупциската комисија.

Само од почетокот на годинава јавните претпијатија и државните институции на „Пуцко петрол“ му платиле над 800 фактури со вкупна вредност од над 4.5 милиони евра, покажуваат податоците од дата базата „Отворени финансии“.

Според веб порталот „Јавни набавки“, оваа компанија точи нафта за градинки, училишта, болници, затвори, јавни претпријатија, општини, но и за многу министерства и други институции. Меѓу најголемите клиенти е Министерството за внатрешни работи кое само минатиот месец склучило договор вреден над 1.9 милиони евра.

Борис Грујоски