Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Кој ќе обезбеди парно за Скопје? –БЕГ се откажува, РКЕ и Владата „не’ греат“ со соопштенија

Се уште не се знае кој ќе ги грее скопјани – надлежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште не се знае кој ќе ги грее скопјани – надлежните со смирувачки тонови дека градот нема да остане без парно. Досегашниот снабдувач  БЕГ, наспроти тврдењата од Влада и РКЕ се огради од законската обврска за снабдување со топлинска енергија до изборот на нов снабдувач.  Од компанијата посочија  дека ниту имаат законска обврска, ниту можност да продолжат со испорака на топлинска енергија.

БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022, односно истиот е истечен, соопштија од БЕГ.

Од регулаторната комисија за енергетика повторно повикувајќи се на Законот за енергетика остануваат на ставот  дека до избор на нов снабдувач, на актуелниот, ВО СЛУЧАЈОВ БЕГ, не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност, но како што велат, тие се само регулаторно тело, и не упатија во Владата.

Реклама

РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност), велат од РКЕ.

Од Владата не ги штедат уверувањата – порачаа скопјани да бидат смирени бидејќи преземале навремени и континуирани мерки за сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија. И од таму се повикаа на Законот кој налага јавната дејност да се врши без прекин, а во моментов ги финализирале преговорите за тоа – кој ќе биде регулираниот снабдувач .

Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена. Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин, се огласија од Влада  

Од Владата во неколку наврати до сега посочија дека најдобро решение ќе биде закуп на топланите исток и запад, додека нивниот сопственик АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ одбива таков договор и инсистира на целосна продажба . Дополнителен проблем е и набавката на доволно количини на гас за претстојната грејна сезона, доколку државата не успее да обезбеди скопјани ќе треба да се греат на мазут што е двојно поголем загадувач.  Според информациите од Влада , во моментов барале решение за обезбедување на гас или мазут по најниска цена.

Кристина Алексиеска