Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Нов модел за субвенциии во земјоделството

Земјоделците не ќе може да ја земаат целата субвенција како до сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците не ќе може да ја земаат целата субвенција како до сега наеднаш, туку, првиот дел ќе се исплаќа авансно, на основа на сопственост на земјиште, а остатокот откако земјоделците ќе докажат дека произвеле и продале стратешки производ на лиценцирани трговци. Ова е новиот модел што го презентираше министерот Љупчо Николовски, а треба да почне да се применува од идната година. Кои се тие стратешки култури, министерството допрва ќе специфицира, веројатно тоа ќе бидат оние од клучен интерес за државата.  Во пракса ова би значело дека  ако има субвенции од 40.000 по хектар кај лозарзството на пример,  12 илјади денари ќе се исплатат авансно, а за останатите 28.000 лозарот ќе мора да докаже дека има продадено производство.  Николовски уверува дека ваквиот модел нема да доведе до кратење на финансиски средства, а ќе се елиминирала сивата економија.

Новиот модел треба да биде побрза исплата и земјоделците навремено да ги имаат парите за да почнат ново производство.Темелот на овој модел е авансната исплата на субвенциите односно 30 отсто од вкупните субвенции земјоделците ќе ги добијат и пред да бидат завршени административните  контроли во Платежната агенција,  односно со самото пријавување тие ќе добијат 30 отсто субвенции за да го почнат производството. Целта е да постигнеме и поголема контрола на користење на овие средства, рече Николовски.

Според Николовски годинава се зголемило двојно производството на сончоглед а со пролетната сеидба биле опфатени околу 6.000 хектари површина. Министерот вели дека ова се должи на субвенциите кои ги дале по површина сончоглед.

Реклама

–Политиките кои се воведоа на почетокот на годината во делот на сончогледот се и еден од примерите и фундаменти токму нa овој концепт што денеска го зборуваме, каде што субвенциите по површина сончоглед, вкупните субвенции, фармерите, производителите може да ги добијат доколку го предадат кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед кој ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, рече Николовски

Новиот модел на субвенционирање треба да е готов до крајот на годинава и да стартува од први јануари 2023 година, а според министерот требало да го стимулира домашното производство. Во меѓувреме, доколку поради економската и енергетската криза се соочиме со недостиг, помош ќе ни стигне од Србија или од Албанија во рамки на Договорот за обезбеденост на храна со земјите од отворен Балкан на база на реципроцитет.

Кристина Алексиеска