Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Бугарска поддршка за македонските енергетски проблеми. Премиерот Димитар Ковачевски замина во Софија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарска поддршка за македонските енергетски проблеми. Премиерот Димитар Ковачевски замина во Софија на средба со тамошните власти за да побара гаранции дека Македонија зимава нема да извиси во делот на транспоротот и набавката на клучните енергенси преку источниот сосед. На средба со неговиот бугарски колега паднал договор Бугарија да ја снабдува Македонија од октомври оваа година  до крајот на март наредната година. Количините на струја кои ќе дојдат од источниот сосед, најверојатно ќе се искористат за да се покрие недостатокот во индустријата. Според најавите од Премиерите на двете држави, од среда ќе почне со работа работната група составена од претставници од Макдонското министерство за економија, министерството за енергетика на Бугарија и ЕСМ која треба да ги договори техничките параметри.

Прво се договоривме заедно со Република Бугарија да формираме веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компани во рамки на Бугарија каде што ќе се разговра за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија. Во однос на цените што ќе треба да бидат дефинирани согласно легислативата на Бугарија согласно со директивитре и легислативата на ЕУ и согласно со легислативата на Северна Македонија. Исто така разговарвме и за количините што се потребни кај нас со оглед на тоа дека Бугарија е земја која е извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите коишто ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа, рече Ковачевски

Пред да замине за Софија,  Ковачевски порача дека барањето поддршка од соседите за справување со енергетската криза не било мерка која се носела во 5 за 12.  Премиерот порача дека оваа година производството на електрична енергија било проектирано да се зголеми за 25 отсто повеќе од минатата година .  На средбата во Софија,  се разговарало и за можноста за продлабочување соработка во доменот на сочуввување на природниот гас во складишта во Бугарија.  Донев порача дека во духот на договорот на  добрососедството, Бугарија ќе обезбедела складишта за течен гас за Македонија.

Реклама

Разговаравме и во постоечките на долгорочните односи . Меѓусекторски работни групи, сите прашања кои стојат пред нас од заеднички интерес ќе бидат решавани., Ќе бидат изградени и додатни капацитети за да бидат складирани дополнителни количини течен гас, порача Донев.

Она што останува дилема е што уште било ставено на маса во Софија. Бугарскиот премиер откри дека на средбата се разговарало и за билатералните односи меѓу двете држви и очекува во брз период очекува конструктивните односи да наиделе со реален одраз , но не наведе детали што точно се разговарало.

Кристина Алексиеска