Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Владина шминка наместо мерки: нема енергетско-ефикасни институции, тешко дека ќе има и фотоволтаици

Кристина Алексиеска Девет години откако е усвоен Правилникот за енергетски карактеристики на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кристина Алексиеска

Девет години откако е усвоен Правилникот за енергетски карактеристики на згради , Македонија речиси и да нема енергетско ефикасни јавни институции. Владата речиси една деценија не најде начин како државните институции да бидат подобро изолирани за да се заштеди енергија, ама затоа им наложи да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто, па се отвора дилемата  колку институциите ќе успеат да заштедат и да придонесат за потребите на електродистрибутивната мрежа ?

Исполнување на минимум критерууми за енергетска ефикасност е една од обврските што Македонија треба да ја исполни за приклучување кон Европското семејство, за што бил потпишан и Договор за пристапување кон енергетската заедница.

Реклама

Од вкупниот катастар, сопственост на државата, 3 проценти од тој катастар секоја година треба да се модернизира . т.е да се изолира , да ги исполни минималните критериуми за енергетска ефикасност , а тие се дефинирани со правилникот за енергетски карактеристики на згради кој е во сила веќе 6-7 години.  според нашите сознанија кои се работени енергетски контроли убав пример е објектот на Министерството за финансии  кој е објект кој е со категорија а. енергетски ефикасен објект. сите постари објекти треба да се реконструираат, изјави Константин димитров.

Владата требаше до сега ова барем да почне да го реализира, ама сега ја префрлуваат топката кај самите институции ако воопшто имаат пари самите да си станат енергетско ефикасни.

Според експертите, владините задолженијата се само шминка за пред јавноста, а во суштина само малку си одземаа од комфорот во институциите каде треба да му служат на народот.

Колку ќе придонесат мерките ќе видиме. Државата има обврска секоја институција да има човек кој ќе е задолжен да ги следи, не дека е ова нова ова е дефинирано со законот со енергетски ефикасност. има начин да се спореди дали е навистина е остварена заштеда, добра мерка а не е доволно. на македонија и треба поголема количина на енергија ако денес увезуваме 30 проценти што ќе биде зимата е тогаш наместо 30 посто ќе треба да увеземе, додава Димитров .

Олеснување на процедурата за поставување на фотоволтаици е барањето на бизнисот за спас на стопанството. Властите најавија олеснување, ама според Димитров и тоа е само декларативно, бидејќи процедурата и натаму останува многу комплицирана, додека истата може многу едноставно да се изведе. Затоа и и т.н. олеснување од Владата, никаде на терен не се гледа, а се поочигледно е дека ни зимава нема да се види.