Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Половина милијарда евра потрошиле граѓаните на коцка за една година

Дали македонците стануваат зависни од коцкање, или сиромаштијата ги натера да посегнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали македонците стануваат зависни од коцкање, или сиромаштијата ги натера да посегнат и по најопасниот порок за да се извлечат од кризата? Само за една година потрошиле милијарда евра на коцкање, покажала анализата објавенa на порталот Пари.мк од Редакција Пари.

Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на Македонија . Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но останува клучното прашање, како во земја со огромна стапка на сиромаштија луѓето го бараат спасот односно се навлечени на коцкање?

Ќе избегнат некои во алкохол, некои во игри среќа, некои наоѓаат некој друг начин, но треба тоа да се заборави тоа што го очекуваат дека условно ќе се случи. Тоа е секогаш така, барем досега така покажале истражувањата. А тука државата сега си го наоѓа својот бенефит, на таков начин што не води строга контрола и ветојатно тоа се десетици, десетици милиони кои што влегуваат во државната каса, изјави социолог Илија Ацески

Реклама

Според анализата, само во Државната видеолотарија завршил секој четврти денар од прометот како нејзин профит. Реагираа од „Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа“, велат дека парите од граѓаните не се чист профит бидејќи обложувалниците и коцкарниците плаќале огромни суми на ДДВ, но се исклучени од правото да бараат поврат на истото.

Приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20% директно се слеваат во централниот Буџет – „Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа“

Не се само овие проценти. Од Асоцијацијата тврдат дека плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%, плус за секоја поединечно остварена добивка се обврзани да платат 15% данок.

Бојана Златкова