Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Во Штип од утре „Ало ми треба такси“: 70 денари, а ако се качите по 25 денари за секој километар

Секое „ало„ во такси компанија во Штип ќе чини 70денари, гратис километри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое „ало„ во такси компанија во Штип ќе чини 70денари, гратис километри како до сега нема да има,  а секој поминат километар ќе се наплаќа по 25денари, ваква одлука на синоќешниот состанок донесоа штипските такси превозници. Иако новиот тарифник ќе важи од утре, дел од таксистите уште од вчера  возат  по повисока цена. По новата пресметка, такси превозот во Штип се покачува за 30%

 „Очекуваме некакви мерки од Владата. Доколку нема ефект до 1јули и нема намалување на ДДВ и акцизите, сигурно би оделе со уште едно покачување од 20 до 30%„-изјави Глигор Арсов, претседател на Здружението такси превозници во Штип.

Велосипедите и одењето пеш, барем за оние граѓани кои немаат приватни автомобили, ова лето ќе им биде единствено средство за движење. Секојдневното варирање на цената на нафтата ги замати сметките и на другите превозници, па поради тоа пропадна и последниот јавен повик за автобуски превоз во градот.

Реклама

„Превозниците треба да возат по една одредена цена, да дадат понуда , а немат стабилност на пазарот. Претпоставуваме дека тоа е една од главните причини за незаинтересираноста„-изјави Оливера Бажева, сообраќаен инспектор при Општина Штип.

Подолг период, јавниот превоз во Штип е сериозен проблем. Поради корона кризата, а сега и цената на горивата многу такси превозници ги затворија своите компании. Во градот од околу 300лиценцирани, сега работат едвај стотина возила. Дополнително, во врат им дишат и дивите таксисти кои избегнувајќи ги давачките кон државата возат испод цена. Од Асоцијацијата на такси превозници алармираат дека само минатиот месец во државата се затворени 15такси компании, а над 200лица останале без работа.  

Александра Ристевска