Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Наскоро месото и лебот може да станат луксуз, па дури и да ги снема

Ќе останеме ли без месо и без леб?  Месната индустрија најавува дури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе останеме ли без месо и без леб?  Месната индустрија најавува дури 20 отсто поскапување на месото и сувомеснатите производи ако Владата не ја продолжи мерката овие производи да се увезуваат без царина. Ако власта ја укине мерката што беше донесена како помош за компаниите, не само што месото ќе биде скапо, туку може воопшто да го нема, бидејќи индустријата најави затворање на компаниите. Доколку дојде до ваков потег 500 семејства во еден регион ќе останат без работа.

Ќе се затвораат компании. Прво што ќе се случи е дека цената минимум 15-20 отсто ќе оди нагоре на месните преработки. Со тоа што во можеби некој краток временски период ќе се случи да ние бидеме неконкуренти, домашните производители ќе бидат неконкурентни во сопствената држава и тогаш или ќе ги затвораме капацитетите или ќе ги селиме во соседството и од таму ќе увезуваме готов производ, вели Гоце Трајчев – Претседател на Групацијата на месо и месна индустрија

И не само без месо, ако Владата не забрани извоз за житни култури ќе останеме и без леб, порачаа од мелничко-прехранбената инустрија. Од први јуни лебот, кој сега се движи од 33-50 денари во малопродажба  ќе поскапи за 5 проценти колку што беше ДДВ—то претходно.  За мелничарите, укинувањето на маржата не е добра мерка.

Реклама

Би дал еден апел бидејќи мерката за забрана за извоз траше до 15-ти мај, за ние да не останеме и без домашното жито што го имаме ,затоа што сите држави наоколу се снаоѓаат, би било добро државата да стави забрана за извоз. Лебот сега тој се продава по тие цени што се продава, разликата би била само во ДДВ-то за тие 5 проценти, вели Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија.

Малишиќ порача дека Владата би требало да размисли и за други начини за помош на граѓаните додека се стабилизира овој светски кризен период како исплаќање на субвенции во време на Ковид кризата. 

По одмрзнувањето на цените на основните продукти на 1 март граѓаните веќе се соочија со еден ценовен шок. Тогаш имавме поскапување на речиси сите продукти , за што беа воведени мерките нула проценти ДДВ и ограничување на трговскат маржа на 5 односно на 10 проценти.

Кристина Алексиеска