Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Штрајкот продолжува, притисоците растат

Штрајкот во образованието продолжува, а продолжуваат и притисоците. Премиерот вели дека синдикатот…

Сподели:

Штрајкот во образованието продолжува, а продолжуваат и притисоците. Премиерот вели дека синдикатот бил неодговорен, а оттаму велат дека не се откажуваат од барањата. Власта сега се заканува дека за оние кои штрајкуваат нема да има плата, а кога беше во опозиција ставот и беше сосема поинаков.

Неодговорно да се продолжи со штрајкот во образованието и покрај понуденото решение за раст на платите, реагира премиерот. Димитар Ковачевски апелира штрајкувачите да не се донесуваат во заблуда, а наставата и преговорите да продолжат. Откако првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, рече дека на штрајкувачите во образованието им биле прекршени правата според членовите од Колективниот договор и законското исплаќање плата за време на штрајк, премиерот смета дека тоа не било така. За усогласување на платите со минималецот, вели, постои законски рок од 6 месеци, кој не е истечен.

  • СОНК треба да биде искрен пред членовите дека Владата е подготвена за прегови од прв ден, но преговори преку уцени не се водат. СОНК започна со штрајк пред да измине рокот од 6 месеци за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. На вчерашната прес-конференција, претседателот на СОНК Јаким Неделков ги доведе во заблуда наставницте во однос на исплаќањето на плата, тој го цитираше законот, но не беше искрен до крај и не ги кажа до крај сите членови, рече Ковачевски.

Наместо дијалог, власта не престанува со напаѓање кон Синдикатот. По огромните притисоци кон просветните работници, од СОНК велат дека владините заклучоци не водат кон решениет. Јаким Неделков кажа дека не го прекинуваат штрајкот и не ја прифаќаат понудата од Владата за зголемување на платите за 10% и инсистираат тоа да биде 18%.

Реклама
  • Штрајкот во училиштата и градинките ќе продолжи, одлучи Советот на Синдикатот на образование наука и култура (СОНК) откако ги разгледа и донесе свои ставови за заклучоците кои произлегоа од владината седница. Штрајкот ќе продолжи сè до тогаш додека не се договориме по спорните прашања и не потпишеме спогодба за нив, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Инаку, ставот на СДСМ во 2015 кога беше во опозиција гласеше дека правото на штрајк е загарантирано за просветните работници, а негово опструирање е газење на уставот, рече тогашниот член на СДСМ, а подоцна и министер за образование Мила Царовска.  

  • Со опструирање на правото на штрајк не само што го газат Уставот на Република Македонија, туку се газат и загарантираните права на работниците.  Директорите немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк на своите права, ниту пак имаат права да наложуваат да имаат право да држат настава во време на штрајк, рече Царовска.

Седум години потоа сликата е иста. Сите бараат зголемување на плати, само што сега власта, за разлика од кога беше опозиција – одлучи поинаку да го толкува правото на штрајк. Владата сега е на став дека нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. 

Колку за потсетување кога пратениците од СДСМ ја бојкотираа работата на Собранието, долго време не одеа на работа, но земаа плата. Впрочем, Собранието тогаш било најмалку активно а народните избраници „ќариле“ огромна сума државни пари.

Борис Грујоски