Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Нема договор на преговорите меѓу Владата и синдикатите за скалестото покачување на платите на административците

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати…

Сподели:

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.

  • Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.

Претставниците на синдикатите оценија дека владата не покажала подготвеност да излезе во пресрет на нивните барања.

Реклама

Благоја Ралповски од Конфедерацијата на слободни синдикати најави дека дел од гранските синдикати на КСС на 30 март ќе излезат на протест пред Собранието, по што ќе се упатат и пред владата.

Јаким Неделковски од СОНК оцени дека нема интерес од владата за договор. Тој најави дека ќе го поддржат протестот на 30-ти март, додавајќи дека тие го сондираат расположението на своите членови за стапување во генерален штрајк, кој би требало да започне на 11-ти април.

Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.