Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ЕСМ: Јаглен од Албанија за РЕК Битола, продолжува отворен повик во текот на целата грејна сезона

Од повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола ќе биде потпишан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола ќе биде потпишан договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија, соопшти АД ЕСМ.

Според АД ЕСМ од деветтте фирми кои дале 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понуди не одговарале технички во однос на јагленот, додека дел имале недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.

-Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони  јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј, сопшти АД ЕСМ.

Реклама

Отворениот повик ќе биде дополнителна можност за компаниите да ја комплетираат документацијата, како што е случајот со понудата на јаглен од Косово која ги задоволува техничките, финансиските и количинските барања на повикот. Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини, потенцираат од компанијата.

АД ЕСМ, исто така, го засилува ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе осигури производството на електрична енергија во текот на зимската сезона. Нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.