Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Мицкоски: Струјата е покачена за претпријатијата, инфлацијата сите ја чувствуваат и сето тоа поради неспособноста на надлежните

Цената на струјата е најмалку два и пол пати, три пати покачаена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на струјата е најмалку два и пол пати, три пати покачаена од таа што била до пред некој месец поради несовесното работење на претходниците. Тоа е еден сериозен проблем кој ќе го чувствуваат и самите јавни претпријатија и општините, но и компаниите веќе од поодамна го чувствуваат, бидејќи истекоа договорите кои беа важечки изминатиот и конечно тоа ќе го почувствуваат граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при  денешната посета на Охрид.

  • „Зошто е тоа така? Затоа што еднаш крадеа кога наместо да копааат се организираа во картели за да го пљачкосуваат и пустошат ЕЛЕМ и РЕК Битола. И сега втор пат ќе ги трошат народните пари веќе 4 милијарди денари, 65 милиони евра потрошија  од државните резерви за да ја санираат дупката која ја имаат финансиска, но и недостатокот на електрична енергија за месец ноември“, рече Мицкоски.

И тие ги потрошија сега, додаде тој укажувајќи дека ќе видиме уште колку ќе требаат пари во декември, јануари, февруари, па и во март.

  • „Така што не чекаат тешки времиња со многу потрошени пари на граѓаните, пари кои наместо да одат за реализиација на капитални проекти и повисок стандард на граѓаните ќе завршат за жал во нечии приватни џебови“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата.

  • „Ќе има инфлација, таа постои, сите производи на мало се зголемени најмалку 10, 15, 20 проценти. Нема човек што не го забележува зборувам за основни продукти леб, масло, инфлација има, дел е домашна, дел е увезена“, кажа Мицкоски.