Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ОГАН: Аеродромци најмногу му веруваат на кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски

23,2 проценти од аеродромци својот глас и доверба за локланите избори би…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

23,2 проценти од аеродромци својот глас и доверба за локланите избори би му ја дале на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски покажува најновата анкета од Организацијата за граѓански активизам и независност. Според истражувањето на второ место е предлогот на СДСМ, Филиповски за кого би гласале 17,1 процент, што е за 6,1 проценти помалку од довербата која ја ужива Муцунски.

Александар ФилиповскиСДСМ и коалицијата17.1 %
Тимчо МуцунскиВМРО-ДПМНЕ и коалицијата23.2 %
Весна КираџиеваЛевица8.4 %
Билјана Аврамовска- ЃорескаКоалиција ЛДП-ДОМ4.2 %
Миле ПетковскиТМРО1.8 %
Не знае/ не сака да каже 24.6 %
За ниту еден 20,7 %

Анкетата која е споведена низ повеќе места во Македонија, покажува и најнови бројки за кого би гласале граѓаните и во Охрид. Податоците од истражувањето покажуваат дека и во оваа општина предност има кандидатот на најголемата опозициска партија, Пецаков за кого би гласале 27,5 проценти од испитаниците, а актуелниот градоначалник Герогиевски кој е и кандидат на партијата на Заев за овие избори е на второто место, би го одбрале 23,3 отсто.

Константин ГеоргиевскиСДСМ и коалцијата23.3 %
Кирил ПецаковВМРО-ДПМНЕ и коацијата27.5 %
Гоце ЦветковскиТМОРО2.1 %
Не знае/ не сака да каже 25.3 %
За ниту еден 21,8 %

Организацијата за граѓански активизам и независност го истражуваше и пулосот на струмичани. Според резултатите од истата, Костадин Костадинов има предност во трката, а зад него е Жан Дрвошанов.

Реклама
Костадин КостадиновСДСМ и коалицијата25.8 %
Жан ДрвошановВМРО-ДПМНЕ и коалицијата22.7 %
Васе ВитановИнтегра1.7 %
Не знае/ не сака да каже 26.5 %
За ниту еден 23.3 %
   

Покрај податоците од граѓаните за кого би го дале својот глас на 17 октомври , Организацијата за граѓански активизам и независност, собирле информации и за прашањата Дали верувате дека владата се грижи за граѓаните за кои неверојатни речиси 69 отсто се изјасниле со НЕ, 22 одговориле ДА, а речиси 9 отсто рекле дека Немаат одговор.

Прашање имало и за пописот односно дали граѓаните сметаат дека пописот е релевантен, за ова прашање анкетираните речиси со ист порцент на поделени гласови, 44.9 проценти одговориле ДА, 45,2 НЕ, а немаат одговор околу 10 отсто од испитаниците.

Анкетата е реализирана од Организацијата за граѓански активизам и независност во период од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје. Во теренското истражување на територија на општина Аеродром репрезентативен примерот од 723 испитаници, Струмица примерок од 629 испитаници, Охрид од 642 испитаници.

За двете прашање од анкетата, анкетирани се 1156 испитаници на целата територија на Македонија спроведена во истиот временски период од истражувањето.

Мери Ѓорѓиевска