Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Преспанскиот договор не е завршена работа, се додека власта се гуши во криминал

Преспанскиот договор не е завршена работа, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанскиот договор не е завршена работа, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата за Алфа вели дека не може само затоа што некој го подржува преспанскиот договор да прави што сака во земјава и притоа да не понесува одговорност. Според него, Македонија тоне во криминал, лаги и корупција и тоа не може да се покрива со божемна меѓународна поддршка за власта, која во пракса и не постои.

Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор“….„Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа  не го прифаќам“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочува дека како партија се заложуваат за чесни политичари, правда и европски вредности, затоа за претстојните избори ќе понудат реална и квалитетна програма, како и кандидати за градоначалници кои се вредни и почитувани луѓе. А претстојните локални избори, според првиот човек на партијата, ќе бидат избор меѓу тоа дали Македонија ќе продолжи да тоне во корупција или народот ќе си ја врати државата.

Реклама

„А, што ќе направи ВМРО? Ние почнуваме еве ексклузивно од следната недела можам да го кажам во оваа емисија со настани со граѓани, во кои што ќе почнеме би рекол тематски да ги соопштуваме генералните правци и понуда да ја реафирмираме со која што ќе излеземе на следните локални избори, но и чекот потоа кога ќе имаме кампања за централната власт. Тоа е она кое што ние лично имаме намера да го понудиме пред граѓаните. Очекуваме критики, совети, бидејќи критиката може да биде и позитивна, да видиме дали тоа е доволно од тоа што го очекуваат граѓаните од нас“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека за да успееме во сите области, најпрвин треба да се справиме со криминалот и корупцијата и повторно да ја поставиме на нозе економијата.

– Во спротивно ние не можеме да јакнеме патриотски дух, ниту да имаме среќни земјоделци, ниту млади во државата. Без силна економија, немаме силна држава. Потоа доаѓа се разбира образование и останатите столбови, рече Мицкоски.

Во врска со понудата на СДСМ, Мицкоски вели дека од власта повеќе никој ништо не очекува, дури ни самите не очекуваат и сега само со поткуп и заплашување ќе се обидат да извлечат глас повеќе.

Meри Ѓорѓиевска