Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Протоколот стигна на Евзони – Грција ги крена рампите

По утринскиот метеж на Евзони, Грција околу 13 часот конечно ја крена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По утринскиот метеж на Евзони, Грција околу 13 часот конечно ја крена рампата за влез на странски државјани. Иако беше најавено дека од рано изутрина ќе можат граѓаните да заминат во Грција, сепак тоа се одложи за подоцна. Грчките службеници дури попладнето го добија  протоколот Атина за пропуштање граѓани од други држави.

Колони од стотици автомобили од Македонија и Србија, чекаа со часови за влез во Грција. Најголем дел од нив на крај се откажаа и се вратија назад. Српските возила тргнаа за Бугарија, бидејќи таму за нив е отворена границата.

За влез во Грција македонските граѓани кои планираат да го поминат летниот одмор кај јужниот сосед имаат обврска на ден пред влезот, електронски да го пополни т.н локатор за патници. Во него има детални информации за тоа каде бил влезот во земјата, евентуалната претходна посета во други земји и адресата на престој во Грција.Неопходно е странските државјани да приложат потврда дека се целосно вакцинирани со две дози против ковид-19 или дека поседуваат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак да имаат потврда за присуство на антитела. ПЦР тестовите нема да бидат потребни за деца под 5 години. Според грчките здравствени протоколи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, иако тие се уште не се одобрени за користење во ЕУ.

Реклама

Инаку, Грција веќе една година беше затворена за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските.