Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Нацрт-законот за масовна, багателна распродажба на државното земјоделско земјиште ги вознемири македонските земјоделци

Македонските земјоделци исправени пред нов предизвик. Предлог-законот за масовна распродажба на државното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските земјоделци исправени пред нов предизвик. Предлог-законот за масовна распродажба на државното земјоделско земјиште, по багателни цени од 0,5 до едно евро за квадрат, со отворена можност за негова пренамена, ги фрла во нов очај. Стравуваат дека државата ќе го дотепа и онака осиромашениот земјоделец, особено оној кој нема своја земја.

„Сметаме дека не треба да се распродава, туку дека треба да се изврши прераспределба на тоа земјиште. Имаме земјоделци кои што се земјоделци без квадрат земја, кубурат со земја, не можат да се снајдат. Можеби е најдобро таа земја да се подели под концесија, под кирија, долгорочно на оние земјодлеци кои што не се стигнати да речеме до некој минимум од 30 декари, три хектари земја. Значи, да не се оди на продажба затоа што ако се продаде, таа ќе биде трајно продадена, оттуѓена, а вака ќе имаат можност, сепак поголем број на луѓе да дојдат до каква-таква егзистенција“, – ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски, земјоделец.

Спротивно на ова, од прилепската ПЕ на Министерството за земјоделство, сметаат дека со овој Закон ниту еден земјоделец немало да биде оштетен, иако, според Зоран Пачешкоски, сега било се уште рано за да се коментира, бидејќи Законот се уште не бил донесен, а дебатата – отворена.

Реклама

„Во секој случај, јас мислам, мое мислење е дека земјоделците нема да бидат оштетени во никој случај, бидејќи идат земјодлеци кои што сакаат и да си го откупат земјиштето. И ќе се работи, како што имам информации, за поголеми површини, за многу големи површини, тие што си ги работат земјоделците од хектар, два, три, четири, пет, шест…“ – посочува Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп.

Во земјава има околу 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште кое треба да биде ставено на продажба по ниски цени и кое дури ќе може да биде пренаменето во градежно, или да се дава под концесија за експлоатација на минерални суровини, или за геолошки истражувања. Според експертите, ова би можело да биде погубно за една земјоделска држава како што е Македонија, бидејќи за сметка на производството на храна во време на крајно неповолни климатски промени, Владата наместо да воведува Агро-стратешки програми, таа го распродава земјиштето по багателни цени, со реални шанси да  пропаднат и голем број мали, семејни земјоделски стопанства.

Инаку, во моментов, во РМ, на сила е Законот од 2013, со кој се продадени околу 280 хектари земјоделско земјиште, а врз кое има оранжерии и разни помошни објекти.

Каролина Дурло