Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Драстично ќе поскапат месото и сувомеснатите прозиводи ако Владата не ги врати квотите за увоз

Драстично ќе поскапат месото и сувомеснатите производи – алармираат од Групацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драстично ќе поскапат месото и сувомеснатите производи – алармираат од Групацијата на производители и преработувачи на месо при Стопанската комора. Ова ќе се случи за помалку од еден месец, ако Владата не ги врати квотите од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо на нивото, кои во октомври лани беа преполовени на 3.200 тони. Засега не поделиле откази, но велат ако овој проблем не се реши во рекордно краток рок, голем број на луѓе ќе останат без работа, а многу фирми ќе бидат затворени. Веќе поднеле барање до министерството за економија. Велат ако се задржат квотите на старото ниво, сите луѓе ќе бидат задржани на работа.

Министерството за економија го анализира барањето на Групацијата, по што ќе достави мислење до Владата.

„Министерството за економија ќе го разгледа нивното барање со детална анализа и ќе ги земе во предвид и податоците за извоз на месни преработки од минатата година кои бележат намалување иако намерата на оваа мерка која се носи континуирано од 2018 година е да се зголеми и поттикне извозот, како и да се зголеми конкурентноста на домашниот пазар во однос на увезените производи“ – велат од министерството.

Реклама

Производителите и преработувачите на месо се жалат дека мерките за помош на стопанството ниту од далеку не биле доволни за фирмите од месната индустрија да продолжат да опстојуваат. Ретко кој од нив користел субвенции за исплата на плати или други мерки, а истовремено ги откупувале вишоците на домашниот пазар. Ако не се прифати нивното барање, велат ќе бидат принудени да бараат од Владата дополнителни мерки за нивниот сектор.

За да се стимулира домашната потрошувачка, месната индустрија побара Владата во 5-тиот сет мерки да ги врати картичките „Купувам домашно“, но нивното барање не беше прифатено.

Тања Попова