Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Директна помош за плати или бескамантни кредити, компаниите во исчекување

Владата сеуште го крои петтиот сет економски мерки. Се уште ништо не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата сеуште го крои петтиот сет економски мерки. Се уште ништо не е дефинитивно одлучено –  дали помошта за вработените во компаниите ќе биде преку бескаматни кредити или пак како до сега со директна финансиска помош за исплата на плати. Се поверојатно е дека помошта ќе биде преку бескаматни кредити. Министерот за економија Крешник Бектеши  за денеска најави дека ќе се одржи уште еден состанок во Владата околу претстојниот петти пакет анти-ковид мерки за стопанството и за граѓаните, кој, како што рече, очекува да биде објавен наредната недела, иако бизнисот очекуваше многу порано.

„Се уште не е одлучено дека ќе се оди со опцијата за безкаматни кредити. Ние на маса имавме две опции кои ги разговаравме со стопанските комори во рамки на воспоставениот јавно-приватен дијалог. Зошто ја ‘фрливме’ на маса оваа опција? Ние сакаме нашите компании, посебно секторите кои мислиме дека се најпогодени, да бидат охрабрени и заедно со институциите да покажуваат резултати во време на криза“, рече министерот Бектеши во емисијата ВинВин на Тв Телма.

Синдикатите се против тоа субвенциите за плати да се заменат со бескаматни кредити, бидејќи со тоа велат ќе се отвори простор за манипулација со работниците, затоа што нема никаква гаранција дека парите од кредитите ќе се искористат за плати на вработените. И бизнис секторот реагираше на најавената промена на мерката, со образложение дека многу од фирмите може да останат без помош кога им е најпотребна и за брзо време дел од нив да затворат.

Реклама

Според новиот модел, кој го планира Владата, доколку некој угостителски објект на пример земе бескаматен кредит за исплата на плати за пет вработени по 14.500 денари, во случај да покаже позитивни резултати во делот на зголемување на работните места или зголемување на приходите споредено со 2019 и со 2020 година, тогаш ќе добие грант од 30 или 40 – 50 проценти. Компаниите кои пак ги поддржала владата во исплатата на платите во текот на 2020 година, а покажат позитивни резултати ќе треба дел од тие средства да ги вратат во текот на оваа година. Поделба на платежни картички или пари на трансакциски сметки ќе нема во 5-тиот сет антикризни мерки, а се најавени ваучери за туризам, кои сега наместо 100 ќе бидат 250 евра. 

Стопанствениците, пак, освен помош за плати побараа на граѓаните да им се поделат токму картички за да се стимулира домашното производство, а не пари на трансакциски сметки како при 4-тиот сет, кој го оценија како неуспешен.

Во тек се последните преговори за 5-тиот пакет мерки за помош на стопанството кој ќе тежи од 50 до 60 милиони евра.  Бектеши уверува дека до понеделник ќе има уште состаноци со стопанските комори и со синдикатите на кои ќе се разгледаат уште еднаш нивните коментари на владините предлози.

Викторија Миткова