Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Димовски: СДСМ прави план за замолчување на критичките медиуми, изедначувајќи ја партијата со државата

СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество, рече Кузевска.

СДСМ се посветила на битка против лажните вести, изработиле дури и план за како да се борат со нив, зошто Владата,иако и тоа е дискутабилно- не го прави овој план, туку СДСМ, немаме одговор. Од владејачката партија не одговорија на телефонските повици на Алфа за да објаснат на кој начин ќе се проверува што е лажна вест, но портпаролката Кузевска во пресот не заборави да напомене дека наводно медиуми блиски до опозицијата ширеле лажни вести.

Тенденциозниот план на СДСМ, според новинарот Саше Димовски е обид партијата да се изедначи со државата и е класично мешање или замолчување на медиумите.

Реклама

Тоа би изгледало вака: Кога би се објавила било каква информација за темите за кои веќе ги посочија, а тоа е веројатно ковид кризата, владините реформи, НАТО системот или локалните избори кои треба да се случат 2021 година , ние во текот на денот ќе се соочиме со серија на произведени вести од машинеријата на СДСМ кои ќе викаат “лажни вести , лажни вести”  и преку нивните таканаречни ботови или проверувачи на факти, ќе ги споделуваат на социјалните медиуми, вели Димовски.

Димовски вели – во секое нормално демократско општество, демантот е единствената работа која може да се испрати до медиумот  и тоа од страната која е засегната, а не да се креира стратегија за замолчување.

Ние во оваа ситуација сега ќе се доведеме да имаме нетранспарентни функционери кои нема да даваат изјави, нема да се појавуваат во медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа и вие кога ја немате едната страна веднаш ќе се појавата тие поверувачи на факти кои на социјалните мрежи ќе заплиснуваат дека станува збор за медиуми  кои се непрофесионални и на тој начин ќе ги девалвираат и замолчуваат критичките медиуми не давајќи им простор да истражуваат бидејќи секогаш едната страна во случајот владејачката СДСМ нема да се појавува ниту на дебати, ниту ќе одговара на изјави на прашања на новинари кои се критички кон нив и затоа ќе ја добиеме оваа партиска машниерија што е страшно.  Владејчката СДСМ влегувајќи во устата на Владата покажа дека овде не станува некаква демократија , туку за вистина која ќе биде само по волја на владејачката партија, рече Димовски за Алфа.

Дали ваквиот партиски план за борба за лажни вести ќе ги опфаќа и функционерите од власта кои шират лажни вести , а не само критичките медиуми чија вистина на власта не и одговара, останува отворено прашање.

Мери Ѓорѓиевска