Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Напуштањето на „Белене“ е грешка, си прави ли власта нов бонбона бизнис во енергетиката?

Одлуката власта наместо во Бугарија да инвестира во гасна електрана во Александропулос,…

Сподели:

Одлуката власта наместо во Бугарија да инвестира во гасна електрана во Александропулос, Грција е лош потег кој ќе предизвика последици, алармираат  експертите. Според Константин Димитров, таквата инвестиција е политичка, која нема да има речиси никаква економска оправданост, освен, како што вели, само политика во енергетиката.

  • Во Алексадрополис да се гради енергетска централа мислам дека е погрешно, бидејќи нема економски оправдувања, зашто таму ќе се вложуваат македонски пари наместо дома. Оваа инвестиција мислам дека да се вложи овде во Македонија, вели за Алфа универзитетскиот професор, Константин Димитров.

Експертите критикуваат дека во услови на криза, многу подобро е парите да се трошат дома, за енергетски проекти кои ќе отвораат и работни места. Како пример ја посочуваат ТЕЦ Неготино која не работи, а со мала инвестиција може да се приспособи за производство со гас.

  • Ние го имаме ТЕЦ Неготино. Со многу малку пари може да се обнови. Не знам колку знаат во Владата, дека горилните кои таму се вградени едните се на мазут, а другите се на гас. Другото добро е што наште македонски компании ќе најдат работа во овие тешки моменти, па така во овие тешки моменти ќе живне домашното стопанство. Со овој потег власта сака да земе некоја провизија, но тоа е таква пракса во вакви големи проекти и ќе биде како Бонбона бизнис, додава Димитров.

Дека државата се откажува од инвестиции во нуклеарката „Белене“ во Бугарија и ќе инвестира во Александропулос во Грција, потврди генералниот директор на А.Д. „ЕСМ“ Васко Ковачевски. Тој рече дека со оваа инвестиција се очекува да се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно производство на струја.

Реклама

Поврзувањетотреба да биде преку интерконектор од кој Македонија би добивала гас, но исто така тој би се користел за транзит кон Косово. Колку за потсетување, Македонија уште лани најави дека има интерес да биде дел од проектот „Белене“, што Бугарија неколкупати го најавуваше и откажуваше.

Борис Грујоски