Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Бизнисмените бараат итни мерки за спас на фирмите и работните места

Бизнис секторот на колена. Стопанствениците две година наназад бараат од државата  намалување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис секторот на колена. Стопанствениците две година наназад бараат од државата  намалување на парафискалните давачки, пониски царински стапки, воведување даночен календар. Иако им беше ветено од премиерот, дека ќе има намалување дури до 75 % на разните такси, сертификати, лиценци и слично, досега не им се исполнија ветувањата, кои се дел од четвртиот пакет мерки.

ТЕЛОП- МИНИНСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Како дел од четвртиот пакет мерки предвидено е оваа мерка да отпочне со реализација во период декември 2020-јануари 2021 година.

Реклама

Владата проектира дека рецесијата ќе биде минус 4,4%, а дупката во државната каса ќе достигне 920 милиони евра. Бизнисот смета дека владата не очекувала поголеми приходи во буџетот, бидејќи бизнисот нема скоро да застане на нозе и да продолжи да ја полни државната каса преку даноци, придонеси, царини.

Претседателот на Стопански комори, Бранко Азески алармира дека кризата неспорно ќе трае до 2025 година а веќе од втората половина на наредната, компаниите година ќе бидат оставени сами на себе. Дел од нив ќе пропаднат. Многу ќе отпуштаат вработени. Тој смета дека најдобрата опција била да се прашаат 30-те најголеми фирми на кој начин владата треба да им помогне.

ТЕЛОП- БРАНКО АЗЕВСКИ-ПРЕТСЕДАТЕЛ НАСТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Неопходно е економскиот тим на Владата да има подготвено долгорочна стратегија како македонската економија да се справи со кризата – дополнително на тоа, потребно ќе биде државните власти да ослободат средства од компаниите (преку ревидирање на царинската политика и парафискалните давачки), кои треба да бидат насочени кон вработените и раст на платите, на кој начин ќе се гради човечкиот капитал, кој може да биде најсилната компаративна предност на секоја економија за побрзо закрепнување.

Антикризните мерки кои се неопходни треба да се насочуваат кон домашните компании смета Азески, бидејќи тие најмногу го полнат буџетот и создаваат работни места а носат и девизи преку извозните активности.

Викторија Миткова