Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Јорданов: Обвинителството да отвори случај со кој ќе го испита пропаѓањето на Еуростандард банка

Мега аферата на СДС вториот ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банка открива огромен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мега аферата на СДС вториот ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банка открива огромен сомнеж за две работи. Првата дека одредени кругови на власта поради бизнис интереси ја втурнуваат банката во пропаст и втората, додека стотина илјади сметки се блокирани, 20 милиони евра ќе останат ненаплатени, луѓе од власта знаеле дека банката пропаѓа и пред време извадиле илјадници евра, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов.

Меѓу тие кои пред пропаѓањето на банката извадиле пари е и министерката за финансии Нина Ангеловска. Иако најпрво таа негираше, јавноста дозна дека последната сума која била повлечена била на само месец и половина пред затворањето на банката. Несомнено како управител на макроекономијата во државата се наметнува сомнежот дали додека сега има измамени штедачи, Нина Ангеловска ја искористила својата повластена позиција за да си ги спаси своите пари.

Од своја одговорност не може да се извлече и НБРМ, која нетранспарентно и сомнително го управуваше целиот процесот. Народната банка го одбила барањето на сопственикот за воведување на администрација.

Реклама

Јавноста има право да знае за сите аспекти, бидејќи Народната банка ќе финансира и ги работи народните пари. Воедно, се поставува прашањето што работи Комитетот за финансиска стабилност за Еуростандард банка, Комитет во кој заедно учествуваат гувернерката на НБРМ и министерката за финансии?

Јавноста е уморна од бледи одговори и правдања, време е и Обвинителството да отвори случај со кој ќе го испита пропаѓањето на Еуростандард банката, кои кругови на власта спасувале предвреме пари и кои струмички фирми имале кредити во банката?

Две работи се сигурни, неспособната влада на СДСМ ја поскапи струјата и сега имаме повторно ТАТ, измамени штедачи и пропадната банка, потенцираше Јорданов.