Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа во однос на ширење на коронавирусот

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот. Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека додека СДСМ зборува за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани.

-Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата. Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот. Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните. Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче, се наведува во партиското соопштение.