Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Хаос во Државната изборна комисија, хакерскиот напад ги одложи резултатите

Шест партии си обезбедија место во новиот Собраниски состав. Според неофицијалните конечни…

Сподели:

Шест партии си обезбедија место во новиот Собраниски состав. Според неофицијалните конечни резултати, кои ги објави ДИК, откако беа обработени сите избирачки места, 46 пратеници доби Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, 44 пратенички места Коалицијата „Обнова“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, 15 пратеници си обезбеди ДУИ, 12 Алијанса за Албанците и Алтернатива, две пратенички места за Левица и едно за ДПА на Мендух Тачи.

Во првата изборна единица, СДСМ освои 8 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ има 7 , ДУИ 2, исто колку и Алијансата на Албанците и Алтернатива, додека Левица освои едно пратеничко место.

Во втората изборна единица е изедначено. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ освоија по 7 мандати, додека ДУИ и Алијансата за Албанците имаат по 3-ца пратеници.

Реклама

Во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, СДСМ 9 и Левица 1 пратеник.

Во четвртата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници.
Во петтата изборна единица по 8 пратеници имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, 3-ца пратеници има ДУИ, а Алијансата за Албанците доби еден пратеник.

Во 6-тата изборна единица, најмногу пратеници освои ДУИ – 7, Алијансата за албанците има 6, СДСМ освои 4 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ 2-ца пратеници. Овде и ДПА го освои единственото место во Собранието.

Членовите на Комисијата до доцна попладнето ги разгледувале записниците на Општинските изборни единици, но и ги споредувале со резултатите внесени во апликацијата. Сега течат роковите за проговори.

На 10-тите парламентарни избори гласале 942.334 бирачи со право на глас. Неважечки се 31.466 ливчиња.

Инаку ДИК предизвика револт кај јавноста бидејќи цели 20 часа по гласањето граѓаните никаде не можеда да ги видат резултатите од изборите. Од Комисијата се правдаат дека апликацијата за броење на гласовите работела, но веб страната им била под сајбер напад. Полицијата допрва ќе истражува кој и зошто го хакирал сајтот на ДИК.

Биљана Божиновска