Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Синдикат на Клинички центар: Медицинската сестра од Клиниката за неврологија не треба да биде казнета

Синдикатот на Клинички центар смета дека медицинската сестра од Клиниката за неврологија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатот на Клинички центар смета дека медицинската сестра од Клиниката за неврологија не треба да биде казнета.
“Волонтерското учество на медицинската сестра подразбира дека немала никаква обврска да го извести работодавачот, односно директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија или било кој друг раководен орган на таа институција” – велат од Синдикатот на Клинички центар.

“Ставот на Синдикатот на Клинички центар е дека медицинската сестра, вработена во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија не треба да биде казнета поради учеството во Меѓународниот научен проект „Серолошки скрининг на COVID-19 на здравствени работници од Република Северна Македонија“, кофинансиран од Агенцијата на франкофонски универзитети (УАФ), која ја сочинуваат 944 универзитети, колеџи, универзитетски мрежи и научно истражувачки центри од 116 земји, кои користат француски јазик.
Проектот е од јавен карактер и е поминат на Етичката комисија на Медицинскиот факултет.
И, покрај тоа за учеството во проектот била запознаена докторката која тој ден го менувала директорот поради негово отсуство, како и медицинската сестра која тој ден ја менувала главната сестра.
Се работи за медицинска сестра со високостручно образование, специјалист, која на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија е на работно место одговорна медицинска сестра на Одделот за ургентна неврологија.
Меѓу вработените е позната како голем професионалец, и колешка која своите работни задачи ги извршува совесно, стручно и крајно одговорно, штитејќи го за цело време како сопствениот, така и угледот на клиниката во која работи 26 години.
Според исказот на Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија на побараниот совет од Министерот за здравство и државниот санитарен и здравствен инспекторат како да постапи во случајот, одговорот од двете институции бил дека медицинската сестра треба да се суспендира од работа.
Доколку изнесеното од директорот е вистина, многу мачно и болно е сознанието дека во денешно време со невидена леснотија, телефонски може да се одреди човечка судбина.
Спротивно на препораките од Министерот за здравство и ДСЗИ, директорот донел одлука медицинската сестра да не ја отстрани од работа, туку да ја казни со намалување од 20% од нејзината плата во наредните два месеци “.

Oд Синдикатот велат дека казнетата медицинска сестра во проектот учествувала доброволно, како испитаник, без никаква финансиска надокнада, ниту пак со учеството направила било каков трошок на установата каде е вработена.