Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона

Македонија никако да падне од црната листа по бројот на смртни случаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија никако да падне од црната листа по бројот на смртни случаи од корона вирусот, но и по бројката на новозаразени на милион луѓе по глава на жител. Додека црниот биланс го загрижува народот министерот за здравство Филипче си тера предизборни партиски активности па очигледно заборави на маратонските пресконференции  кои ги одржуваше во Владата . Последен пат Филипче на говорница застана пред 8 дена, што ако се спореди со почетокот на едидемијата кога бројките и не беа така високи, е несватливо ..
Од тогаш до сега промените се драстични. Во овие 8 дена кога Филипче е политичли активен починати се дури 73- ца, а бројката на новозаразени е 1288, ама министерот не најде време тоа да го сподели со јавноста. Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат каде е министерот ?

Гледам нешто ми фали деновиве на кое се навикнав да го слушам секојдневно, а тоа да ти бил министерот Венко Филипче со неговите спектакуларни пресови дека состојбата со корона епидемијата е под контрола!
И се чудам каде е министерот?

Народот ги следеше вашите препораки министре и тоа во времето кога бројот на заболени беше помеѓу 15-20 на ден. Арно ама кога истиот тој број се зголеми и стана троцифрен, вашите рестриктивни мерки добија друга димензија…Обратно пропорционална!!!

Реклама

Дека ситуацијата е под контрола тврдеше Филипче како и неговите колеги од власта, но сепак пикот од 2000 заразени кој го соопшти министерот е за повеќе од 3 пати надминат.

  • Можно е бројот на заболени пациенти во нашата земја да достиген до 2.000, а пикот да биде за околу еден месец од сега рече Венко Филипче – министер за здравство(17.03.2020).

 

Министерот уверуваше дека кластерите се познати, но докторите алармираат .. кластери повеќе нема – вирусот е на секаде.

Наместо решенија за како да се справиме со кризата, Филипче изминативе денови можевме да го видиме само на партиски теренски активности.

Му мереше температура на Заев,  на партиски собири во Крива Планка, во Кавадарци се пофали за успесите во здравството, во Охрид за сработеното.

Останува отворено прашањето зошто Филипче е пофокусиран на изборна кампања во битка за власт, наместо во битката за справување со Ковид 19.

Викторија Миткова