Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Директорот на Финансова полиција на средба кај Реисот- дали СДСМ преку ИВЗ се додворува на Албанците?

Директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми предизборно на средба со новиот Реис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми предизборно на средба со новиот Реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Алфа дојде до фотографија од оваа средба, а останува непознато која била целта на истата, со оглед на тоа што соопштение нема ниту од ИВЗ, ниту од Муареми.

Алфа испрати прашања до првиот човек на Финансова, која е целта на оваа средба, како и дали можеби се разговарало за кривичните пријави, кои во минатото ги поднесе институцијата со која раководи  Муареми, против поранешниот реис Сулејман Реџепи. Но, одговор се уште не добивме.

Од некоја причина оваа средба е сокриена од јавноста. Се поставува прашањето дали Муареми кој е дел од СДСМ, по насоки на партискиот лидер Зоран Заев лобирал кај Реисот, да ги повика верниците да гласаат за неговата партија, што често пати беше пракса на поранешниот реис.  Ваквите дилеми стануваат уште поголеми, со оглед на објавените аудио бомби последниов период. Во една од нив лицето за кое објавувачот вели дека е Ден Дончев, открива дека Заев имал влијание на работата на Финансовата полиција.

Реклама

-Го ангажираа Медарски пред извесен период, со цел најверојатно да имаат влијание кај премиерот. Шефот се согласи да им пуштиме полиција внатре, влегоа и Медарски замоли да може да се најде заеднички јазик, се вели во аудио „бомбата“.

Муареми не е единствениот функционер од СДСМ, кој последниов период беше на средба со новиот Реис. Тоа го стори и министерот за здравство Венко Филипче. Но за разлика од средбата на Муареми со Фетаху, од оваа имаше соопштение и од ИВЗ и од Министерството за здравство.

-Реисул Улема Шаќир Фетаху го извести министерот Филипче за новите измени во ИВЗ, како во однос на лидерството, така и во однос на перцепцијата на проблемите, особено таа со Ковид 19. Во овој поглед, Реисул Улема зборуваше за многу сериозниот пристап на ИВЗ и за ризикот од оваа пандемија, како и за максималните мерки и грижа, преземени во сите административни и верски објекти ИВЗ, со цел да се обезбеди безбедно работење во овие објекти за сите посетители – верници, велат од ИВЗ.

На последните избори СДСМ освои голем број гласови од Албанците во Македонија, кои пак сега четири години подоцна велат дека многу им било ветувано од страна на Заев, но речиси ништо не било исполнето.

Матеја Петровски