Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Охриѓанец и неговото возило заедно се капеа во Охридското езеро

Автомобил “Тојотоа” со охридски регистатски таблички, падна во водите на Охридското езеро.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автомобил “Тојотоа” со охридски регистатски таблички, падна во водите на Охридското езеро. Во комплексот Горица, недалеку од плажата од каде што започна акцијата за рушење на дивоградби, охриѓанецот кој побрзал да се разлади во езерските води, очигледно заборавајќи ги правилата на прописно паркирање, го заклучил автомобилот и се симнал на плажата. Но, набрзо по него и тојотата се спушила во вода.

Многумина поитаа да видат што се случи, оти веста брзо се раширила низ охридската чаршија.

„Чаршија под муренкана и ми покажа човек што го сликал ова и дојдовме да видиме ние сеирџии да видиме што се случува. Се истркалала колата не ја кренале рачната, не ја ставиле во брзина и си се истркалалаво вода. Шуќур што нема зијан по луѓе, иначе колата се прави“, вели охриѓанецот Кире Нанче.

Реклама

Правилата на сообраќајна култура треба да се почитуваат но се случува, сите правиме грешки, коментираа присутните- среќа што во тој момент на плажата немало луѓе, оти автомобилот буквално ќе паднел врз нив. Со бродот на Хидробиолошкиот завод и со помош на уште едно пловило, Тојотата откако ја обезбедија со појаси и јажиња, ја одвлекоа до плажата од каде понатаму со механизација беше извлечена на копно.

Локацијата која што беше позната по неуспешниот, а долго најавуван проект за изградба на луксузен хотел од ланецот „Small luxury hotels“, од денес ќе биде позната како актрактивна локација од која автомобили сами скокаат во вода-охриѓани вака се мајтапат додека сопственикот, ги собираше деловите од автомобилот, на ридот од каде колата се стркала во вода.

Росица Голабоска