Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Филипче го разреши Зибери, ДУИ обвинува дека станува збор за одмазда

Судирот СДСМ – ДУИ се пресликува и во здравството. Разрешувањето на Арбен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судирот СДСМ – ДУИ се пресликува и во здравството. Разрешувањето на Арбен Зибери од скопскиот Центар за Јавно Здравје е директно признание дека политиката е длабоко навлезена во комисијата за заразни болести, но и во здравството воопшто. Иако, министерот Филипче ги отфрла обвинувањата дека разрешувањето на директорот на ЦЈЗ е политичко, мотивите за судирот за јавноста се јасни. Причината за разрешувањето на Зибери според Филипче е дека го нарушил угледот на комисијата.

“Разрешувањето следи после неговата изјава во однос на работата на Комисијата, со што сметам дека го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, кои работеа водејќи се од професионални принципи. Сметам дека апсолутно никој не смее да политизира, ниту да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање“рече министерот Филипче.

Од ДУИ остро го осудија потегот на Филипче, оценувајќи дека разрешувањето е политичка одмазда – што ќе го загрози здравјето на илјадници граѓани. За Зибери, одлуката на министерот е ограничување на правото на изразување.

Реклама

“За жал, министерот за здравство и партијата СДСМ на која тој припаѓа, избраа да ми го ограничат правото за изразување и почнаа кампања за одмазда. Однесувањето на СДСМ е голем срам.” – вели Зибери.

Обвинувањата дека Комисијата за заразни болести игра според свирката на власта не се нови. Уште кога се реши да се укинат мерките, за да може да се закажат и одржат изборите, експертите предупредуваа дека здравјето на граѓаните било фрлено во втор план.

“Секаде во здравството особено во Центрите за Јавно Здравје политиката е навлезена одамна. Значи во центрите за ЈЗ работат микробиолози, епидемиолози и специјалисти по хигиена. И од нив треба да се избере директор само тој може да раководи.Самото поставување е политички и не требало воопшто да биде поставен Зибери и било кој друг што не се од таа струка каде а ги има доста ако проверите.” – вели Никола Пановски, микробиолог.

Разрешувањето на Зибери следеше откако тој на фејсбук се пофали дека тој лично, како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал  да се отворат границите за дијаспората да гласа на изборите за премиер Албанец. Ова е четврто разрешување на директор од страна на Филипче, од почетокот на кризата со корона вирусот. На местото на Зибери, за в.д. директор назначен е д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

 

Ања Василева