Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Анализа – за разлика од СДСМ, понудата на ВМРО – ДПМНЕ во поглед на образованието е разработена и опширна

Битката на ветувања и програми почна, но што нудат ВМРО-ДПМНЕ, а што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката на ветувања и програми почна, но што нудат ВМРО-ДПМНЕ, а што на СДСМ во поглед на младите и образованието?

Реконструкција на училишта, стипендии, вработување на најдобрите студенти, задржување на младите во Македонија ова се дел од целите кои си ги поставиле партиите во програмите преку кои ќе бараат глас од граѓаните.

Според социологот Илија Ацевски, она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ во поглед на образованието е разработено и опширно, за разлика од СДСМ. Тој напоменува дека ова е негов став за програмите, не наклонувајќи се политички кон ниеден политички субјект. Вели доколку барем 50 % од она што го ветува коалицијата на Обнова на Македонија за младите и образованието се исполни системот ќе направи голем чекор напред.

Реклама

Oд ВМРО-ДПМНЕ е повеќе разработена програмата да речам ајде, понадежна порграма од онаа што е на СДСМ…Еве ја имам пред мене програмата на ВМРО, ако сето ова се реализира тоа би било многу добро…Еве доколку се реализира барем половина од тоа што е ветено, вели Ацевски за Алфа.

Ацевски изминатиов период е жесток критичар на системот на образование во Македонија, вели дека владата не ги прифатила неговите забелешки и не направила ништо за да се подобри состојбата во овој сектор.

Ништо, не можам да препознаам ниедна единствена активност,некое дејство кое може да го препознаеме во насока на подобрување на квалитетот, вели професроот.

Како и речиси секои избори програмите кои ги прават партиите се фокусирани на економијата.

Дел од бизнизмените, коментирајќи за економскиот дел од програмите на партиите сметаат дека ветувањата за повисоки плати и пензии тешко ќе се остварат сепак уверуваат дека проекциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пореални во однос на оние на СДСМ. Бизнисменот Горан Рафајловски смета дека проекциите на ВМРО-ДПМНЕ за рецесија од минус 5% годинава се засновани на реална основа. Рафајловски вели дека растот не може да обезбеди доволно пари во буџетот за да се реализираат сите замислени мерки на партијата на власт. Едноставно, не можело да се поделат пари кога ги нема.

Мери Ѓорѓиевска