Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Стартува нова економска емисија на Алфа

Во недела на Алфа Тв стартува нова емисија, која ќе обработува теми…

Сподели:

Во недела на Алфа Тв стартува нова емисија, која ќе обработува теми од економијата, бизнисот и секојдневието. Автор на „Бизнис поенти“ е Билјана Василева Трендафилова, која има долгодишно телевизиско искуство во македонските медиуми. Трендафилова најавува економски анализи, атрактивни гости и интересни дебати во кои гледачите ќе слушнат различни ставови на актуелни теми.

Од недела на Алфа Тв стартува новиот економски магазин, што ќе им понудите на гледачите?
Во емисијата ќе ги сумираме Бизнис поентите од соговорниците кои ќе учествуваат, а пракса ќе биде секако да имаат различни ставови на одредени прашања. Ќе понудиме брза и гледлива економска емисија, преку која гледачите ќе можат да се информираат за актуелните теми. Целта ни е секоја вест и проблем кој ги засегнува гледачите, да го добие заслужениот третман и простор.

Сметате ли дека во Македонија има доволно атрактивни теми за да се пополни економска емисија?
Се разбира дека има. Впрочем се е сведено на економија и пари, ако ги прашате и обичните луѓе тие ќе ви речат оти преку глава им е од политика, сакаат да слушнат многу повеќе за нивната живеачка, стандард, цените на горивата и комуналиите.Не само граѓаните, туку таргет на оваа емисија ќе бидат и бизнисмените, кои во последиот период отворено зборуваат за проблемите и кризата низ која поминува македонското стопанство.

Реклама

Во телевизискиот етер има силна конкуренција од информативни емисии. Како ќе се борите за своето место на пазарот?
Алфа е национална телевизија која ужива доверба кај гледачите. Медиумот има своја публика која ги лови добрите емисии. Впрочем во време кога сме и во изборна кампања, добро ќе биде да се слушнат ставови на луѓе од економската и бизнис фела, кои реално ќе зборуваат за економската иднина на земјава.

Со кои соговорници ќе ја отворите емисијата?
Во „Бизнис Поенти“ оваа недела економските аргументи ќе ги спротистават актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска и поранешниот министер за финансии, универзитетскиот професор, Трајко Славески.

Гледајте не во недела во 18.00 на Алфа Тв.