Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Економија

Олеснети условите за регистрација на мали винарски визби

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата и даде согласност за измените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата и даде согласност за измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Со овие измени се олеснуваат условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Конкретно, се намалува висината за надоместокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

Ваквите измени се направени со цел малите производители на вино кои имаат фамилијарни винарии да бидат ставени во законска рамка. Со оваа измена ќе се придонесе за праведност и правичност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство и чување на произведеното вино во винаријата и да им се овозможи на малите семејни винарии да бидат регистрирани во регистарот на производители. Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат да се регистрираат во регистарот на производители на вино кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со тоа на легален начин ќе можат да го пуштат во промет произведеното вино.

Воедно, ќе се придонесе и за обезбедување на одржлив пласман на грозјето, бидејќи лозарите кои има имаат лозови насади ќе имаат можност сопственото производство на грозје да го преработат во вино.

Реклама

Намалувањето на висината на трошокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри, нема директно да претставува и намалување на приходите во буџетот, затоа што според проценките на ДИЗ, со поефтината регистрација, околу 100 физички лица и мали винарии би се регистрирале во регистарот на производители на вино. Големите винарии се веќе регистрирани во регистарот на производители на вино, а оваа обврска за плаќање е само за идните производители. Така, според проценките на Државниот инспекторат за земјоделство, во текот на оваа 2020 година, би се регистрирале 40 физички лица и мали производители, во следната 30, а во третата година 20 со што се очекува прилив на средства во буџетот на инспекторатот во износ од 135.000,00 денари за овие три години.

Минатата година се донесоа измени и дополнување на Законот за вино, со кои се овозможија низа поволности со кои се олеснија условите за производство на вино на малите семејни винарии и на физичките лица производители на вино, што е тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба на вино од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам.