Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Хотелите ги отворија вратите, според строги протоколи, од утре отвораат и казината

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници, ленти и прекривки. По спратовите и холовите празно, нема играчки, ниту списанија или печатен инфо материјал. На подовите патокази за ограничување на приодот. Вака некако ќе изгледа сликата во домашните хотели кои денеска ги отвораат вратите согласно корона – Протоколот.

На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Обврзно е и редовно проветрување. Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот.

Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство.

Реклама

Строго утврдените протоколи за работа, наиде на бура од реакции од хотелиерите. Велат дека процедурите, се толку обемни, и бараат време за спроведување, кои, кога видоа, како ќе треба да работат, прашаа – дали отвораат хотел или болница. Меѓу другото, предупредуваат и за огромните загуби.

Протоколот во делот на ресторанските процедури пак, не дозволува служење храна на шведска маса, келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи,а да успее да ја послужи храната, оти од два метра оддалеченост не може да се сервира оброк.

Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин.
Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице.

Покрај хотелите, комисијата за заразни болести даде “амин” за отварање и на казината. Извори за Алфа од комисијата велат дека овие субјекти во земјава имаат одлични протоколи, сметајќи дека е вистинско време да се отворат, пред се заради враќање на вработените на своите работни места.

 

Ања Василева