Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Македонија според светски реномирани институции со најмногу заболени и починати

Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем – министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите…Македонија е прва во Европа и по број новозаразени лица на милион жители со корона. Ова е податок од статистичката веб страница Ворлдометар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

Интегрален текст од целата прес конференција на Д-р Миленковски во продолжение:

Реклама

Вашето прогласување на победа над пандемијата помина во пораз на нашиот здравствен систем и на нас како држава!

Реномирани светски институции ја ставаат Македонија прва на ранг листите по лошо справување со корона вирусот, односно по најголем број на заболени и на починати.

Македонија според реномираниот универзитет Џон Хопкинс има катастрофален индекс на смртност во однос на сите свои соседи, но и во однос на најголем број држави во светот.

Македонија е прва во Европа и по број новозаразени лица на милион жители со корона. Ова е податок од статистичката веб страница Ворлдометар.

Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем – министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите.

Со тоа нормално и очекувано е да бидеме единствена изолирана земја во регионот.

Но, што и да очекуваме од Влада која од сите активности во борбата против пандемијата најдобро ги одработи само прес конференциите, со целиот пи-ар насочен единствено кон ресорниот министер за здравство. Целата останата работа беше оставена на способноста и професионалноста на медицинскиот персонал кој се справува како што знае и умее со оваа пандемија.

Се обидовте преку пандемијата да собирате политички поени и што побрзи избори, но ни тоа не ви успеа. И сега поразени, вината ја префрлате на народот.

Почитувани господа од власта, време е за стратегија без политиканство, за да можеме самите себе да си помогнеме во овие моменти кога бројот на заразени и починати вртоглаво расте.

Потребна беше здравствена едукација за граѓаните, но тоа не подразбира делење флаери за вашата политичка опција или хуманитарни пакети.

Очигледно не ја сфативте сериозноста на оваа состојба од која само заеднички можевме да излеземе како победници.

И така наместо интересот на граѓаните и на државата, СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот.

Недозволиво е кариерата на некои политичари да биде побитна од животот на макар еден човек.