Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ИНФОМАКС: Член на потесното семејство на испекторката Мери одгледувал мapихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР (Фото)

Член на потесното семејство на испекторката Мери Проја одгледувал марихуана – ОЈО…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Член на потесното семејство на испекторката Мери Проја одгледувал марихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР.

На почетокот на 2018 година од страна на полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за производство на марихуана против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска, раководител на одделението за инспекциски надзор – Скопје при Државниот пазарен инспекторат која во јавноста стана позната по тоа што држеше вонредна прес конференција затоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ седел во кафеана.

Според неофицијални информации, полициски службеници во 2017 година во дворот од викенд куќата во Маркова Сушица сопственост на родителите на Мери Проја Продановска поточно во фолијата каде одгледувале зеленчук пронашле 15 стебла од растение од растителниот род Cannabis, по што од страна на полицијата до ОЈО била поднесена кривична за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Реклама

Но, иако целиот настан бил расчистен и соодветно документиран, од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018 година била отфрлена.

Па според тоа логично се наметнуваат неколку прашања чии одговори јавноста има право да ги знае.

Дали ОЈО Скопје ја отфрлило кривичната пријава иако истата била поткрепена со несоборливи материјални докази, само затоа што пријавата е против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска која важи за блиска до владејачката СДСМ и истата била носител на советничка листа во Кисела вода на локалните избори во 2013 година од редовите на СДСМ?

Дали инспекторката Мери Проја Продановска го спроведува законот и изрекува казни само кога се работи за политички противници на нејзината партија, а ја користи својата блискост до власта за да влијае врз обвинителството да не го гони членот на нејзиното семејство кој одгледувал марихуана?

Дали ова е причина и истата да држи жестоки вонредни прес конференции по нарачка на нејзината партија затоа што Христијан Мицкоски седел во кафеана, а да ја нема никаде кога во Чаир во голема мера се прекршуваат одлуки на владата чие почитување таа е должна да го контролира?

Извор: Инфомакс