Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Карантинот не се почитува секаде: Делови од празното Скопје пусти, некаде пак како да нема полициски час

Во најголем дел од испразнетото Скопје, почетокот на ригорозниот викенд полициски карантин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најголем дел од испразнетото Скопје, почетокот на ригорозниот викенд полициски карантин се почитува. Главниот град е пуст, делумно заради забраната за двизжење, а делумно поради фактот што вчера десетици илјади скопјани го напуштија градот.

Улиците се главно празни, но во зависност од тоа во која населба или општина сте. Ова е сликата од едната страна на реката Вардар,а од другата ситуацијата сосем поразлична. Алфа направи обиколка во деловите од Скопје, кои се најголемите жаришта на коронавирусот.

И овој карантински викенд во скопски Чаир е раздвижено покрај возилата кои се движат со дозвола, на улиците во оваа скопска општина можеше да се забележи и прекршување на полицискиот час.

Реклама

Додека полицијата ја немаше никаде во споредните улички, една патрола стоеше на главната улица Цветан Димов. Сите кои беа застанати со нивните возила, имаа дозвола за движење.

Полицискиот час како да го немаше ниту во скопските населби Топана и Шуто Оризари. Улиците полни со луѓе.

Иако сликата на терен не е таква, заменик министерката за внатрешни работи, Славја Петровска вели дека полицијата ќе била доста ригорозна.

-Полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас, ние ќе бидеме навистина ригорозни во спроведувањето на мерките и ќе се трудиме законот да биде спроведен подеднакво за сите граѓани, изјави Петровска.

Одлуката да има 80 часовен полициски час во Скопје, Тетово, Куманово и Штип, беше донесена поради празникот Задушница и продолжениот викенд кој го имаат граѓаните.

По одлуката на Владата да забрани одење на гробишта овој викенд портите на градските гробишта Бутел за прв пат за задушница се затворени за верниците.

Матеја Петровски