Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Имаат ли фирмите поголеми финансиски проблеми во мај отколку во април?

Зошто министерката за финансии не ја продолжи помошта за исплата на плати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто министерката за финансии не ја продолжи помошта за исплата на плати, туку ја ограничува на април и мај? – прашуваат бизнисмените. Откако Управата за јавни приходи соопшти дека 20 илјади компании аплицирале за мерката исплата на 14.500 денари по работник или исто толку фирми колку што добија вкупна помош минатиот месец, се отвора дилемата дали фирмите имале уште поголеми финансиски проблеми во мај во однос на април? Процесот на поднесување барања трае до крајот на неделава.

Министерката за финансии во повеќе наврати посочи дека е задоволна што за април помош добија 20 илјади фирми за 127 илјади вработени и покрај тоа што се очекуваше да аплицираат 35 илјади компании за вкупно 250 илјади вработени.
Надлежните тогаш тврдеа дека малата бројка не значела проблем со преобемната документација, туку дека фирмите не биле во толку големи финансиски проблеми.

Бизнисот веќе некое време алармира дека никако не може да излезе од финансиската криза и дека мерките мора да се продолжат за уште најмалку два месеци, а ако има потреба и до крајот на годинава. Од Сојузот на стопански комори предупредија дека над 80% од фирмите претрпеле огромни штети и се сериозно засегнати од коронакризата. Од Организацијата на работодавачи пак излегоа со податоци дека најголем дел од нивните членки пријавиле штети од 20 до 50 % од приходите, а 8% веќе ги затвориле бизнисите.

Реклама

Освен 20-те илјади апликации од фирмите за исплата на плати за мај, до УЈП пристигнале 4.700 барања од самостојните вршители на дејност и 2.200 барања за субвенционирање на придонеси.

Тања Попова