Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

ЕЦБ се подготвува за ново печатење пари

Економистите очекуваат ЕЦБ да објави нова серија на вонреден откуп на хартии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економистите очекуваат ЕЦБ да објави нова серија на вонреден откуп на хартии од вредност. Повеќето од нив очекуваат зголемување на стимулациите од најмалку 500 милијарди евра, што значи дека нивниот вкупен износ за оваа година ќе достигне 1,6 трилиони евра.

Евентуалното зголемување на директната набавка на обврзници на финансискиот пазар ќе ја зајакне улогата на ЕЦБ во економското закрепнување на европската економија по кризата.

Покрај тоа, таа ќе обезбеди еден вид “горна граница” на каматните стапки на државните обврзници, што е многу важно во позадината на амбициозниот план на Европската комисија за издавање паневропски обврзници.

Реклама

Досега, макроекономските податоци ги потврдуваат мрачните прогнози на претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард, која предвидува дека економијата на Еврозоната ќе се намали за измеѓу 8 проценти и 12 проценти до крајот на 2020 година.

Повеќето економисти кои ги анкетирал Bloomberg очекуваат дека програмата за директен откуп на обврзниците ќе продолжи и во 2021 година.

Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво за четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот предвидоа нови парични стимулации на Европската централна банка, објави Bloomberg.

Индексот на потрошувачките цени покажува минимален раст, а економијата на Стариот континент паѓа во подлабока рецесија.