Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Откази за 20 илјади луѓе во туристичкиот сектор ако кризата продолжи

Откази им се закануваат на 12 илјади до 20 илјади работници алармираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откази им се закануваат на 12 илјади до 20 илјади работници алармираат од туристичкиот сектор. Се ќе зависи од тоа дали ќе почнат со работа следниот месец. Овие компании ќе имаат огромни загуби кои се проценуваат на најмалку 250 милиони долари а може да достигнат и до 80 проценти од очекуваниот промет или енормни 400 милиони долари. Дури 67 проценти од испитаниците на последната анкета на овој сектор го намалиле бројот на вработени поради кризата, а дури половина од фирмите имаат пад на приходи меѓу 80-100 проценти.

  • Според првото сценарио, во зависност од нивото на ефикасност на екомскиот одговор од страна на државата односно подршката во секторот,  загубите  ќе бидат помеѓу 2 и 12 илјади работни  места. Според второто сценарио, доколку трае до крајот на годината што ќе значи безмалку останување без економска активност во туристичката дејност, во зависност од нивото на екомоскиот одговор помеѓу 4 и 20 илјади работни места би згаснале во туризмот- вели  Кристијан Џамбазовски.

Помошта од државата не може да им помогне многу. Доволна била да застанат на нозе но ни оддалеку целосно не ги покрива загубите. Телефоните секојдневно ѕвонат. Масовно се откажуваат аранжмани до крајот на годината. Сите резервации им се откажани до крајот на наредниот месец.Неопходна им е помош да ги задржат луѓето на работа. Бараат Владата да продолжи со мерката исплата на 14.500 по работник и наредниот месец.

  • Јуни треба да биде вклучен во оваа поддршка бидејќи бешепредходно заборавен март односно прескокнат, а март беше месецот во кој  што беше веќе нарушена ликвидноста на компанииите. Доколку е  влезено веќе  во поддршка највисоките стапки кои ги предвидува оваа студија веќе се реализираат или се најавени- вели Кристијан Џамбазовски.

Од туристичко-угостителскиот сектор бараат и олеснување на условите за аплицирање како и ослободување или замрзнување на сите општински давачки и даноци за овој сектор. Ако ковид-19 кризата не заврши , за половина од испитаниците ќе бидат потребни повеќе од 12 месеци по завршувањето на кризата за да можат да се вратат на вообичаеното ниво на работење. Велат големите профити од лани ќе бидат достижни најрано во 2023 , а најдоцна до 2027 година.
Викторија Миткова

Реклама