Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Веќе уништената Шара конечно ќе стане национален парк

Власта веќе влезе во кампања. По 20 години чекање, предизборно Владата ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта веќе влезе во кампања. По 20 години чекање, предизборно Владата ја прогласи Шар Планина за национален парк . Изминативе години постојано се апелираше што поскоро да биде заштитена, оти веќе е во голема мера и уништена. Одлуката е задоцнета, реагираат дел од здруженијата.Сега велат, следи важен период на расправа,кој мора да ги опфати сите засегнати страни но, потребна е и ревизија-кој и што уништувал периодов.

Со реакција се јавија и ловечките друштва.Оваа одлука велат, може да има трајни последици врз ловството.Многу договори за концесија ќе се раскинат,ловиштата ќе бидат затворени, а вака ловокрадството се заканува да го уништи дивечот.

Изминативе години постојано се водеа дебати за оваа иницијатива,направени се и анализи и разговори со локалното население.Но, зошто толку чекаше нема конкретен одговор ниту, министерот Нуредини ,кој тврди дека ова, не било  поврзано со изборите.

Реклама

Здруженијата сега апелираат процедурата да не се влечка,за да не се чека повторно со години,додека иницијативата да биде изгласана.Инаку,по Пелистер, Маврово и Галичица,Шар планина ќе биде четврти национален парк во државава.

Милена Вучевска