Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Прецизна одлука се уште нема, угостителите чекаат зелено светло од властите

Иако газдите на кафеаните и кафулињата наголемо се подготвуваат за најавеното отварање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако газдите на кафеаните и кафулињата наголемо се подготвуваат за најавеното отварање, прецизна одлука од Владата кога тоа ќе се случи се уште нема. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека за ова ќе одлучуваат Владата и комисијата за заразни болести.

“Мислам дека за кратко Владата по препорака на Комисија за заразни болести и МЗ ќе донесе одлука, во моментов не може да претпоставиме каква одлука ќе биде донесена и која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори” – изјави Бектеши.

Министерот, чии сектор е економијата вели дека не бил запознаен со истражувањето на Туристичко-угостителската комора дека 95% од угостителите не се задоволни од мерките за поддршка и во однос на тоа чекаат зелено светло од Владата.

Реклама

“Јас не знам од каде се овие податоци дека 95% не се задоволни од мерките за поддршка, само знам дека имаше голем интерес за таа помош” – додава министерот за економија.

Инаку истражувањето на туристичко-угостителска комора покажа фрапантни податоци,дека голем дел од угостителите се незадоволни од владините мерки за помош на овој сектор кој е најмногу погоден од рестриктивните мерки на владата за време на епидемијата.

“Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, 95% одговориле дека не се задоволни, а само 5% дека се задоволни” – изјави Мартин Ангеловски Туристичко-угостителска комора.

Протоколите со безбедносни мерки за функционирање на угостителстките објекти се во изработка, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека до крајот на неделава ќе биде соопштено и кога ќе почнат со работа рестораните.

Адријана Алексиеска