Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Докторката од Куманово која се бореше со корона и заболе, сега и одбиваат од плата и плаќа лекување

Наместо заштита од институциите, докторка заразена од корона вирусот разочарана од системот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо заштита од институциите, докторка заразена од корона вирусот разочарана од системот. Лекарката од кумановската болница, Гордана Николиќ, која беше една од првите здравствени работници заболени од Ковид 19, преку социјалните мрежи ја сподели својата лична борба со вирусот, но и со фондот за здравство. Вели, како лекар кој се заразил на работното место, таа плаќа партиципација за лекарските услуги, а згора на се добива и скратена плата. Таа веќе 40 дена не оди на работа, а се лекуваше на Инфективната клиника.

„Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста, да не разболам други луѓе. Мислев за совеста и другите така размислуваат. Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета. Како спиете вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија, дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас 2 месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам, а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата. Пневмонијата и стресот ми се гратис награда“, пишува доктор Николиќ.

Министерот за здравство призна, институциите веќе работат да ја исправат оваа неправда и оти сите здравствени работници кои вирусот го добиле на работа ќе земаат цела плата.

Реклама

„Двата проблеми интензивно ги разгледувавме во текот на изминатите денови. за боледувањето, решението ее најдено и тоа ќе се имплементира преку измена на правилникот во Министерството за труд и социјална политика, каде целосно ќе биде покриена платата, првиот месец од работодавбецот а потоа и од ФЗОм кај сите оние кои што се заболени од оваа болест третирајќи го како професионално заболување, зборувам за здравствените работници. Во однос на партиципацијата единствено можно решение е измена во програмата за партиципација во МЗ и ние тоа ќе го направиме следната недела“, вели Филипче.

Инаку, до сега во Македонија со Ковид 19 заразени биле над 230 здравствени работници или близу 17 отсто од вкупниот број на пациенти.

Биљана Божиновска