Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Владата ги извиси работниците – фирмите ќе смеат да отпуштаат вработени

Власта ги извиси работниците. Проширените мерки за помош на стопанството, со кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта ги извиси работниците. Проширените мерки за помош на стопанството, со кои денес се пофали Владата, ќе удрат врз грбот на работниците. Наместо да се заштитат работните места, надлежните го укинаа условот со кој работодавците беа обврзани да ги задржат сите вработени до крајот на јули. Сега фирмите можат ем да ги користат мерките, ем да отпуштаат работници. Микро и малите компании со најмногу 50 вработени ќе може да отпуштат 15 отсто од вработените, оние до 250 вработени – 10 отсто, а големите компании 5 отсто од вработените.

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека ќе има и такви кои ќе ја загубат работата, ќе има и такви на кои платите и приходите ќе им бидат помали, важно е дека се трудиме системот да ги адресира сите“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Најпогодените сектори, туризам, угостителство и транспорт ќе можат да користат две мерки. Новата уредба предвидува тие да добијат и минимална плата од 14.500 денари и 50 отсто за плаќање на придонесите или најмногу до 5000 денари по втората стафка. Со ова, работодавачите од овие сектори ќе може да добијат најмногу до 19.500 денари по вработен.

Реклама

Фирмите кои ќе прикажат добивка за тековната година ќе имаат обврска да и ги вратат парите на државата. Оваа уредба на Власта, тогаш беше најкритикувана во јавноста. Сега надлежните смируваат – наместо да се вратат во буџетот, парите ќе може да се користат како грант за набавка на нова опрема, инвестирање во нови технологии или зајакнување на човечкиот капитал.

Сепак, токму оваа мерка за враќање на државната помош ги исплаши малите компании и самостојните вршители на дејност, кои стравуваат да аплицираат за мерките на Владата.

Инаку, сите кои ќе сакаат да аплицираат за државната помош ќе треба тоа да го сторат најдоцна до 7 мај.

Биљана Божиновска