Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Корона – кризата го засили дрвокрадството во прилепскиот регион

Цели колони од претежно стари возила и без регистарски таблички, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели колони од претежно стари возила и без регистарски таблички, но и запрежни коли, натоварени со огревни дрва, движејќи се со огромна брзина, секојдневно се симнуваат по патот од Вештачкото езеро кон Прилеп. Корона кризата и зголемениот ангажман на Полицијата во таа насока, како да го засили дрвокрадството во прилескиот регион, кое за волја на вистината, со години е сериозен проблем на кој, очигледно никој не може да му застане на патот. Дрвокрадците, претежно од ромска националност, опремени со мобилни телефони, но неретко и наоружани, и дење и ноќе, со неверојатна вештина ги избегнуваат контролите на Шумската полиција, која пак, со години кубури и со човечки ресурси, но и со техничка поддршка.

Според раководителката на прилепската Подружница на Шумската полиција, Оливера Петреска, и покрај тоа што се работело со полна пареа, сепак дрвокрадците продолжувале безмилосно да ги опустошуваат шумите. Таа вели дека со единственото и веќе дотраено возило кое Службата го имала на располагање и со 14-те шумски полицијаци, од кои дел биле на годишен одмор, успешното справување со дрвокрадците било еднакво на невозможна мисија. Ова, особено сега, во новонастанатите услови заради Коронавирусот, бидејќи освен што со години имаат многубројни тековни проблеми, во моментов имале и недостиг од соодветна заштитна опрема, вклучително и заштитни маски  за кои се снајдувале како знаеле и умееле.

Петреска вели дека шумските полицајци, и покрај тоа што се вооружени, сепак биле изложени на висок ризик, пред се заради невидената агресивност на дрвокрадците.

Реклама

Инаку, последната заплена на огревно дрво била пред 15-тина дена кога од дрвокрадците биле одземени над 80 кубни метри огревно дрво.

 

 Каролина Дурло