Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Каде исчезна вицепремиерката Мила Царовска?

Каде е Мила Царовска? Дали вицепремиерката активно учествува во донесувањето мерки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде е Мила Царовска? Дали вицепремиерката активно учествува во донесувањето мерки за помош на граѓаните и стопанството? Оваа дилема е отворена веќе подолг период откако главниот координатор за економските политики во Владата буквално како да пропадна во земја по кулминацијата на коронакризата. Мила Царовска речиси и да ја нема во јавноста. Освен неколку гостувања по медиуми, детално не ги образложила мерките на прес конференција уште од 18-ти март при презентацијата на првиот сет мерки. Беше присутна и на презентацијата на вториот сет мерки на 31-ви март, но тогаш зборуваше единствено техничкиот премиер Оливер Спасовски. Оттогаш вицепремиерката ја нема.

Експертите коментираат дека од поединечните прес конференции се добива впечаток дека министрите не се синхронизирани меѓу себе. Откако Владата ги зголеми акцизите на нафтените деривати, аналитичарите се кренаа на нозе. Мерката наместо да ја презентира економскиот тим на Владата, ја соопшти портпаролот Муамет Хоџа кој ретко држи сам прес конференции и најчесто, пред коронакризата, известуваше за заклучоците од редовните владини седници.

Најголеми критики на социјалните мрежи се упатија токму кон Вицепремиерката за економски прашања. Аналитичарите негодуваат затоа што Царовска ја нема толку често, за разлика од нејзиниот претходник Кочо Анѓушев кој редовно се појавуваше и детално објаснуваше за најразлични теми од областа на економијата.

Реклама

Од кабинетот на Царовска велат дека проблем нема. Вицепремиерката активно ги извршувала обврските и активностите во Владата.

„Вицепремиерката и нејзиниот кабинет секојдневно учествуваат во подготовката на сите мерки наменети за сите граѓани за надминување на последиците од корона кризата. Овие мерки, во чие подготвување активно учествува Вицепремиерката, тековно се комуницираат со јавност на ниво на Влада, надлежни министерства и институции“ – велат од кабинетот на вицепремиерката Царовска.

Критики има и кон министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа завчера се одважи да ја објасни новата кредитна линија бескаматни кредити преку Развојната банка, а минатиот викенд имаше прес конференција со министерот за земјоделство, но во деновите помеѓу не се појави да го образложи зголемувањето на акцизите на горивата.

По порастот на акцизите за 3 денари во вторникот, веќе истиот ден поскапеа нафтените деривати во земјава. Незадоволните превозници, дистрибутери, транспортери најавија протест. Од асоцијацијата „Макамтранс“ објаснуваат дека поради воведените мерки, нема да има собирање во групи, туку една огромна колона камиони, влекачи, комбиња, автобуси ќе се движат по одредена маршута низ патиштата со натпис ПРОТЕСТ и како една целина ќе застанат пред Владата. Протестот е закажан за во вторник напладне.

Тања Попова