Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Теута Арифи барала скратување на полицискиот час поради Рамазан, но зошто не побара и за Велигден?

За Велигден поригорозно, за Рамазан олабавено.Тетовската градоначалничка Теута Арифи издејствува уште едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Велигден поригорозно, за Рамазан олабавено.Тетовската градоначалничка Теута Арифи издејствува уште едно нејзино барање да биде прифатено од Владата-скратување на полицискиот час, поради почетокот на рамазанските пости.Така ќе се избегнеле гужви пред маркетите, а граѓаните ќе имале повеќе време за пазарање.

“Поради започнување на месецот рамазан, има една нова динамика, што сметаме дека може да направи еден притисок, зголемување на бројот на луѓе пред макрети и слично, и да се загрози социјалната дистанца.Затоа побаравме таа мерка да биде продолжување на отворените часови до 19 часот.” – вели Теута Арифи

Мерките какви и да се, мора да се почитуваат, велат тетовци.Но,реагираат дека ова требаше да се побара и за велигденските празнувања, кога исто така имаше огромни гужви низ градот.

Реклама

Со оглед на тоа што Рамазан се одбележува со социјални и религиозни собири, каде обично муслиманските семејства се собираат за да го прекинат постот, а вообичаено во џамиите пак, се собираат верниците на молитви, СЗО препорачува овие верски практики да се избегнуваат.Што препорачува пак, тетовското муфтивство, како ќе се одвиваат постите и дали треба да се воведе полициски час за Бајрам,не добивме одговор, и покрај тоа што ни беше кажано дека ќе го соопштат својот став.

Милена Вучевска

https://studio.youtube.com/video/JvmHhGyG2mo/edit